вторник, 28 јули 2026

Тренчовски: Кога ќе ти се јави најголемиот клуб во Словенија се оди и пешки од Скопје

Македонскиот тренер Југослав Тренчовски и официјално беше претставен како нов шеф на стручниот штаб на словенечка Олимпија, откако клубот денеска ја потврди неговата промоција.

Објавено на

часот

Сподели

Тренчовски на клупата на љубљанскиот гигант го наследува Мишо Бречко, а со клубот потпиша договор на една година, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона.

По официјалното претставување, македонскиот стратег истакна дека ангажманот во најтрофејниот словенечки клуб претставува најголем чекор во неговата досегашна тренерска кариера.

За мене ова е голем предизвик, можеби и најголем во кариерата. Кога ќе ти се јави најголемиот клуб во Словенија и пешки би тргнал од Македонија. Знам дека тимот поседува огромен потенцијал и дека секогаш сака да се бори за самиот врв, среќен сум што веднаш почнувам со работа. Немам магично стапче за преку ноќ да правам чуда, но верувам дека ќе успееме да играме брз и доминатен фудбал со многу голови“, порача Тренчовски.

Македонскиот стратег пристигнува во Олимпија по успешната работа во Радомље, каде со своите резултати го привлече вниманието на раководството на клубот од Љубљана, кое му ја довери задачата да го предводи тимот во новата сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ