среда, 15 април 2026

Трамп: Може да го викате Ормуски теснец или Ормус, но не Трампов теснец (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за Фокс њуз, на бизарен начин се осврна на Ормускиот теснец, кој американската морнарица моментално го блокира во обид да го принуди Иран на договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Италија добива многу нафта од теснецот. Можете да го наречете Ормуски теснец или Ормус. Јас реков, што е подобро? Тие кажаа, и двете се во ред, можете да го наречете како што сакате. Само што не можете да го наречете Трампов теснец. Не им се допаѓа таа идеја“, кажа Трамп.

„Патем, кога сме веќе кај тоа, направив нешто што на луѓето многу им се допаѓа, освен во Мексико. Го земав Мексиканскиот Залив, сега го викаме Американски Залив. Не е лошо“, смета Трамп.

Агресијата на Соединетите Американски Држави против Иран, која трае веќе седма недела, доведе до сериозни прекини во Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни патишта за нафтата. Иран претходно го ограничи преминот низ теснецот, дозволувајќи сообраќај само на одредени партнери, намалувајќи ги глобалните залихи и зголемувајќи ги цените на енергијата, а западните земји предупредуваат на безбедносни ризици за бродовите.

Потоа САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа за да го принудат Техеран повторно да го отвори преминот и да преговара.

Американските сили распоредија воени бродови во Оманскиот Залив, иако некои танкери, вклучително и оние под санкции, сепак поминаа и покрај блокадата.

Блокадата дополнително ги зголеми тензиите во регионот и го доведе во прашање кревкото примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Иран се закани дека ќе ги прошири мерките на други пристаништа во Персискиот Залив доколку продолжи притисокот, што би можело да предизвика пошироко нарушување на глобалната трговија и енергетските пазари.

Во исто време американската администрација тврди дека целта на блокадата е да се запре извозот на нафта од Иран и да се принуди Техеран на договор, додека дипломатските контакти продолжуваат без конечен договор за прекин на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ