среда, 15 април 2026
Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом...

Јанчев се пофали со проекти од 19 милиони евра за Кавадарци

Општина Кавадарци има отворени проекти во вредност од 19 милиони евра, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при презентирањето на нова веб-платформа со проектни активности од сите сфери.

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на раководители на повеќе сектори, тој претстави проекти во рурална и урбана средина и подвлече дека има експанзија во комуналната изградба.

„Сите овие проекти и многу други, ќе бидат ставени на новата апликација, на веб-страницата на интернет, секој ќе може да ги види со информации, слики и локации“, појасни градоначалникот.

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро, садење дрвја и цвеќиња, асфалтирање улици, се дел од проектите што се реализираат, во рамките на повеќе сектори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ