среда, 15 април 2026

САД го отфрлија рускиот предлог за преземање на иранскиот ураниум

Соединетите Американски Држави го отфрлија предлогот на Москва Русија да го преземе целиот збогатен ураниум на Иран за да помогне во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток, изјави денес портпаролот на Кремљ, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Москва првпат понуди да ја преземе контролата врз иранските резерви на ураниум уште минатиот јуни, но тогаш немаше напредок. Предлогот беше обновен оваа недела.

„Русија беше подготвена да прифати ирански збогатен ураниум на своја територија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за индискиот телевизиски канал Индија тудеј, како што објави државната новинска агенција РИА. „Тоа би била добра одлука, но за жал американската страна го отфрли предлогот“.

Американските медиуми, повикувајќи се на свои извори, исто така објавија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја отфрлила руската понуда.

Иран, пак, изјави дека секоја одлука ќе зависи од постигнувањето договор со Соединетите Американски Држави, кој би ја опфатил и нуклеарната програма на Иран.

Вашингтон ги наведува иранските резерви на збогатен ураниум и можноста Техеран да произведе нуклеарно оружје како една од причините за неговите напади врз Иран.

Уште минатата година, рускиот заменик-министер за надворешни работи изјави дека Русија е подготвена да ги преземе овие залихи од Иран и да ги преработи во гориво за цивилни нуклеарни реактори, што би ги олеснило преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ