среда, 15 април 2026

Русија продолжува да ѝ испраќа нафта на Куба

Русија ќе продолжи да ѝ помага на Куба и да ѝ испорачува нафта на таа земја, изјави денес министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, две недели откако Москва испрати танкер со околу 700.000 барели сурова нафта на карипскиот остров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон го сопре извозот на венецуелска нафта во Куба откако го киднапираше венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, предизвикувајќи акутен недостиг на гориво на комунистичкиот остров со речиси 11 милиони жители.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп се закани дека ќе воведе тарифи за земјите кои ѝ испраќаат сирова нафта во Куба, додека се обидува да изврши притисок врз владата. САД подоцна дозволија испораки на руска нафта во Куба од хуманитарни причини.

Мексико, друг голем снабдувач, ги прекина своите испораки. Лавров кажа за време на неговата посета на Кина дека Русија ќе обезбеди хуманитарна помош на Куба, нејзиниот долгогодишен сојузник. „Го испративме првиот танкер со 700.000 барели нафта на Куба. Секако, веројатно ќе бидат потребни неколку месеци, јас не сум експерт“, кажа Лавров на брифингот на крајот од неговата дводневна посета на Кина.

„Но, не се сомневам дека ќе продолжиме да даваме таква помош и дека Кина, секако, ќе продолжи да учествува во таа соработка“, додаде Лавров, без да го спомене прашањето за американска дозвола или забрана за идни испораки. Куба произведува помалку од една третина од нафтата што ѝ е потребна.

Иако ја одобри неодамнешната руска испорака, администрацијата на Трамп изјави дека ќе разгледа понатамошни испораки на нафта до Куба „од случај до случај“. Лавров изрази надеж дека САД нема да се вратат во времето на „колонијалните војни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ