Крилниот напаѓач Рафиња се соочува со можна суспензија од три натпревари во Лигата на шампионите поради изјавите по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето на натпреварувањето.
И покрај победата од 1-2 во Мадрид, каталонците беа елиминирани со вкупни 3-2. Според каталонскиот клуб, натпреварот беше обележан со неколку спорни моменти, вклучувајќи и поништен гол и црвен картон за Ерик Гарсија.
Иако не настапи поради повреда, Рафиња остро го критикуваше судењето:
„Тоа беше грабеж, судењето не беше добро. Одлуките што ги донесоа беа неверојатни. Атлетико Мадрид направи не знам колку прекршоци и не доби ниту еден жолт картон. Не разбирам зошто се плашат дека Барселона ќе продолжи понатаму“, прокоментира Рафиња.
Доколку УЕФА отвори постапка, Рафиња речиси сигурно ќе се соочи со казна која ќе треба да ја одработи во следната сезона од елитното натпреварување.






