Едуард Камавинга беше престрого исклучен на вчерашниот меч против Баерн Минхен, на крајот тоа се покажа и како клучна одлука на мечот, па сите од таборот на Реал Мадрид се бесни на судијата Славко Винчиќ.
Словенецот му даде втор жолт картон на Камавинга за задржување на време иако Французинот топката во своите раце ја имаше многу кратко.
Мадридскиот весник „Марка“ излезе со насловна „Каква неправда“.
🚨 MARCA Cover:
“What an injustice.” pic.twitter.com/iBFMUQFzq3
— Madrid Zone (@theMadridZone) April 15, 2026
„Никој не го разбира црвениот картон. Нема смисла. Како можете да исклучите фудбалер за такво нешто? Мислам дека судијата не знаеше дека Камавинга веќе има жолт. Судијата го уништи натпреварот“, рече тренерот Арбелоа по мечот.






