четврток, 16 април 2026

Фестивал од Војводина викендов во ГТЦ во Скопје

Викендов, на 17 и 18 април, легендарниот македонски паб „Ѕе“ во ГТЦ ќе биде домаќин на еден од најавтентичните европски фестивали. Од Војводина, во Скопје пристигнува „Malomfesztivál“, познат како „Фестивалот на ветерниците“.

Објавено на

часот

Сподели

Ова не е само обична забава, туку културен земјотрес, вели директорот на фестивалот, Тамас Хорват, кој пристигнува во Скопје за да го претстави овој мултимедијален феномен кој секој август го претвора селото Ором во светски центар на музиката, театарот и екологијата, а со него доаѓаат и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ.

Подгответе се за музички сет кој ќе ги помести границите со: SKIER & YETI (Србија), мистериозниот двоец кој прави вистински хаос на сцена; TAXI CONSILIUM (Македонија), домашна џез- фузија која освојува на прво слушање и врвна диџеј поддршка со: Wocky, Svemirski Mjau и Deeman.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ