сабота, 25 април 2026

Ултрас фановите на Лацио гордо му порачаа на Хисај: Ова е фашистички клуб! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

На претставувањето пред соиграчите Хисај одбра да ја пее партизанската песна „Бела чао“ и го навлече гневот кај фановите на Лацио кои имаат фашистичка идеологија.

Ултрас фановите на Лацио направија и транспарент на кој пишува: „Хисај црву, Лацио е фашистички клуб“.

Навивачите на Лацио отворено си кажуваат дека се фашисти. Еден од нивните водачи, Франко Франкињо Костантино ја објасни ситуацијата.

„Историски, нашите фанови секогаш биле екстремни десничари, и тоа го кажувам со гордост. Некој да ја пее „Бела чао“ со дрес на Лацио е лудост“, вели навивиачот Франко Костантино.

„Хисај погреши и нема оправдувања за тоа што го направи“.

Претседателот на клубот, Клаудио Лотито во минатото се обидуваше да го дистанцира Лацио од фашизмот, но секогаш тоа било безуспешно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ