„Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата поврзани со Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека ова е само почеток. Во следниот период, како што информираше градоначалникот, вакви инфо-точки ќе бидат отворени и во други јавни установи низ градот, со цел „Скопје 2028“ да биде поблиску до секој граѓанин, до секоја населба и до секоја заедница.

„Сите јавни установи под надлежност на Град Скопје ќе добијат свои инфо-канцеларии, како места за информирање, комуникација и вклучување на граѓаните во овој значаен процес. Титулата ‘Европска престолнина на културата’ не ја гледаме само како културен настан, туку како историска можност за вистинска трансформација на Скопје“, додаде скопскиот градоначалник.
Во објавата пишува и дека ова е процес што ќе допре до инфраструктурата, урбаното уредување, социјалната грижа, јавниот простор, културните установи, младите, креативните индустрии и сите пори на градскиот живот.
„Скопје 2028 е визија за современ, европски, достоинствен и отворен град. Град што ќе се менува за своите граѓани и со своите граѓани. Од денес, таа приказна станува уште подостапна за сите“, потенцира






