петок, 24 април 2026

Судот определи 30 дена притвор за Сејдини

Основниот кривичен суд Скопје информираше дека го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди мерка притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

Објавено на

часот

Сподели

Сејдини утринава беше уапсен од страна на полицијата поради сомнение за проневера на 660.000 евра додека ја извршувал функцијата претседател во ФФМ.

Судот го прифати барањето на обвинителството и му изрече мерка притвор на Сејдини.

„Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека, постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, донесе решение со кое на лицето М.С., поренешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, му е определена мерка притвор во трење од 30 дена.
Мерката притвор е определена поради основано сомневање дека лицето сторило кривично дело Проневера во служба.
Воедно, судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.
Судот ќе продолжи да постапува согласно законските надлежности и во интерес на ефеикасно и законито водење на постапката“, стои во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ