понеделник, 8 јуни 2026

Уапсен тетовец, осомничен за разбојништво

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска претпладне го лишија од слобода 26 годишниот Р.З. од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,разбојништво, соопшти СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, претходно во текот на ноќта, два часа по полноќ во СВР Тетово, вработениот Г.С. пријавил дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет.

„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ