Како што е наведено, овие слушалки ги засилуваат звуците од закани, како што се моторите на дронови.
„Развивме целосно запечатени слушалки, со сите печатени кола заштитени од влага. Имплементиравме интерфон, кој овозможува комуникација меѓу групите без употреба на радио уреди“, изјави директорот за развој на компанијата Сергеј Шандобило, пренесува ТАСС.
Како што вели тој, тие успеале да имплементираат стабилен интерфон со домет до 30 метри, а под идеални услови до 200 метри.
„За разлика од сите други слични системи низ целиот свет, нашиот користи енкрипција, што ни овозможува побезбедно да извршуваме мисии без протекување информации до непријателот“, рече Шандобило на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.






