Македонскиот автомобилист излета во првата трка од патеката и сериозно го оштети своето Ферари. Сепак, неговиот тим не се откажа и пронајде импровизирано решение за да се оспособи автомобилот за втората трка.
Стефановски седна зад воланот и извозе трето најбрзо време, обезбедувајќи си место на подиумот на оваа трка.
„Оваа трка е една од најтешките во мојата кариера. Исцрпувачка трка за мене и тимот. Како што знаете во првата трка имав стравично излетување, доста го оштетив автомобилот. Буквално беше удрен на сите страни, ама го подготвивме колку што можевме. Благодарност до мојата екипа. Во втората трка успеавме да се појавиме на старт во последен момент и да освоиме трето место. Ова е пехар кој ќе биде на многу високо место на моите полици, бидејќи навистина заслужува по таква борба“, изјави Стефановски по трката.
Шампионатот на ридски и планински патеки продолжува веќе следниот викенд во Германија.






