понеделник, 8 јуни 2026

Косовскиот фудбал во тага: Поранешен репрезентативец загина во сообраќајна несреќа

Голема трагедија го потресе косовскиот фудбал, откако Фатјон Буњаку го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 22 години.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила во неделата наутро на патот меѓу Митровица и Приштина, а според првичните информации во судирот биле повредени уште три лица. Буњаку бил пренесен во болница, но им подлегнал на тешките повреди.

Младиот фудбалер зад себе остави настапи за повеќе косовски клубови, меѓу кои Трепча, Лирија, Гњилани и Малишева, а играше и во Албанија за Елбасани, како и хрватскиот тим Змај. Во текот на кариерата беше дел од младинските репрезентации на Косово, а доби и повик на собир на сениорскиот национален тим.

Од Фудбалскиот сојуз на Косово изразија длабоко жалење за загубата на Буњаку, истакнувајќи дека неговата прерана смрт претставува голем удар за косовскиот фудбал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ