Фудбалерите веднаш реагираа и го опколија данскиот репрезентативец, а на тревникот влезе и неговата сопруга. Набргу Ериксен и неговата сопруга беа спроведени до возилото на итната помош.
Од Данскиот фудбалски сојуз соопштија дека првите информации се охрабрувачки и дека играчот бил свесен по инцидентот.
Сцените веднаш потсетија на драматичните моменти од Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска.






