недела, 7 јуни 2026

Во кафеана во Неготино се точеше алкохол за малолетници

Во угостителски објект во Неготино вчера инспектори на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионален центар за гранични работи Југ, затекнале како на малолетници им се дава алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Со малолетниците биле извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што биле предадени на родители или блиски роднини. Полицијата го приведе А.С. (25) и еден малолетник од Неготино, поради сомневање за сторено кривично дело точење алкохолни пијалоци на дете. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ