„Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде ‘бизнис рај’ за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт.
Левица останува доследна на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество“, се вели во партиското соопштение.






