понеделник, 8 јуни 2026
RVR Brand ги создаде уникатните шампионски патики на Гого Славески

Гого Славески победи во BKFC со уникатни патики дизајнирани од македонскиот бренд RVR Brand (ФОТО)

Македонскиот бренд за рачно изработени и персонализирани патики и облека, RVR Brand, стои зад уникатниот дизајн на боксерските патики со кои македонскиот борец Гого Славески ја забележа својата најнова победа во BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship).

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за специјално изработен модел на Rudis International боксерски патики, кои за првпат добија целосен performance custom дизајн од RVR Brand. Идејата за темата „Тивко е на ножот“ е лично на Гого Славески, а концептот бил развиван повеќе од месец и половина пред самиот настап.

Дизајнот ги комбинира симболите на македонската историја и традиција преку црвено-црното знаме со ножот, пораката „Слобода или смрт“, како и автентичен македонски народен вез. Целокупната композиција е надополнета со црвено-црн градиент кој ја симболизира борбеноста, страста и непокорот што го карактеризираат македонскиот шампион.

Проектот претставувал вистински предизвик за тимот на RVR Brand. Патиките пристигнале во последен момент поради доцнење во транспортот и дополнителни царински процедури, по што целиот дизајн бил реализиран во само еден ден. Дополнителна сложеност претставувал и самиот материјал – micro-suede, кој бара посебна техника и прецизност при рачното исцртување.

„Ова беше еден од најпредизвикувачките проекти на кои сме работеле досега. Имавме само неколку часа да ја реализираме целата визија, но благодарение на претходно подготвениот концепт и одличната комуникација со Гого, успеавме да создадеме нешто навистина уникатно,“ велат од RVR Brand.

Уникатните патики својот дебитантски настап го имаа на последната борба на Славески, каде што македонскиот борец оствари голема победа против канадскиот натпреварувач Џони Тељо. По пет жестоки рунди и неколку нокдауни, Славески славеше со едногласна одлука на судиите и ја запиша својата осма победа во деветтата борба во BKFC кариерата.

Од RVR Brand најавуваат дека ова е само почеток на соработката со Гого Славески и дека во иднина јавноста ќе има можност да види уште неколку ексклузивни модели создадени специјално за македонскиот шампион.

„Гого е борец кој гордо ја претставува Македонија на светската сцена, а нашата цел беше преку овие патики да создадеме дизајн кој ќе ја раскажува токму таа приказна – приказна за идентитет, традиција, борба и победа,“ изјавуваат од RVR Brand.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ