понеделник, 8 јуни 2026

Мотоциклист тешко повреден кај Нова Брезница

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ