недела, 7 јуни 2026

Приведен за „демнење“ на својата поранешна невенчана сопруга

Вчера полицијата во Тетово го приведе Ј.С. (58) од село во Тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга го пријавила Ј.С. дека вчера во неколку наврати ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно.

Објавено на

часот

Сподели

Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ