По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, а за време на вршењето на увидот, на местото дошол Л.М. (39) од Нераште со возилото „фолксваген туран” и се пријавил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.





