понеделник, 8 јуни 2026

Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград, Црна Гора, македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението на стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности.

Христо Петрески настапи и на тркалезната маса на тема „Поезијата денес“, како и на централниот митинг покрај реката Зета во центарот на Даниловград.

Досегашни добитници на наградата која го носи името на познатиот поет Александар Секулиќ, се Перо Зубац и Радомир Андриќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ