петок, 24 април 2026

СДСМ бара истрага за несреќата во Кисела Вода

Денеска се случи уште една трагедија која не смее никако да се релативизира. Има загубени човечки животи, работници се борат за живот затоа што системот не функционира, се наведува во соопштението од СДСМ, поврзано со несреќата на градилиштето во општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Инвеститорот, фирмата којашто ја градела зградата се поврзува со политички структури на ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски, блиски до Орце Ѓорѓиевски, кој патем беше и градоначалник на Кисела Вода. Коневски беше и адвокат ангажиран од Орце Ѓорѓиевски.

СДСМ бара детална истрага која ќе утврди одговорност на сите инволвирани од почеток до крај.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба? Кој го контролирал градилиштето? Дали општината извршила инспекциски надзор? Дали безбедноста била проверена или само потпишана на хартија? Јавното обвинителство мора веднаш да ги обезбеди доказите од терен, пред да се направи каков било обид за нивна измена или прикривање“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ