Повредата дојде на бизарен начин додека изведуваше пенал, што предизвика дополнителни реакции во шпанската јавност. Дел од медиумите сметаат дека ваквиот развој на настаните не е случаен.
Само два дена пред натпреварот, Јамал ја доби престижната награда „Лауреус“ за млад спортист на годината. По церемонијата, тој самиот сподели фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како во приватен авион го прославува признанието со брза храна од Мекдоналдс момент што го потенцираше водителот Хуан Фурланих.
„Навистина е неверојатно да се повредиш при изведување пенал. Ако ги оставиме настрана иронијата, ова е реалност, повреда при удар од белата точка. Зборуваме за играч кој помалку од 48 часа претходно, во раните утрински часови, јадеше брза храна во приватен авион, непосредно пред натпревар. Не мислам дека тоа е случајност или чиста несреќа. Ова е последица на веројатно недоволна физичка подготвеност, недостаток на одмор и негрижа за сопственото тело, што на крај доведе до ваков исход. И не станува збор за тајно направена фотографијa, самиот ја објави“, изјави водителот.
View this post on Instagram






