сабота, 25 април 2026

Талентираниот Локонга второ засилување за Арсенал ова лето

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ денеска промовираа ново засилување, се работи за 21 годишниот Алберт Самби Локонга. Фудбалерот од средниот ред бил препорачан од легендарниот Тјери Анри, кој бил импресиониран од она што го видел, а зелено светло за трансферот дал и Винсен Компани, под чие водство младиот фудбалер ја доби капитенската лента во Андерлехт.

„Алберт е многу интелегентен играч кој покажува голема зрелост во играта. Забележа добар прогрес под водство на Винсен Компани и неговите соработници во Андерлехт. Го познавам Винсен многу добро и тој има високо мислење за Алберт“ – вели тренерот на Арсенал, Микел Артета.

„Убедени сме дека Алберт е подготвен за следната етапа од развојот и со нетрпение го чекаме“.

Детали од зделката не беа откриени, според пишувањата на медиумите, Арсенал за услугите на Алберт Самби Локонга ќе плати помеѓу 15 и 18 милиони фунти.

Тој е второ засилување ова лето откако на „Емирати“ пристигна Нуно Тавареш од Бенфика за 8 милиони фунти.

Арсенал исто така договори и трансфер од 50 милиони фунти на дефанзивецот Бен Вајт од Брајтон, Англичанецот треба да ги помине лекарските прегледи кога ќе се врати од одмор на 26. јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ