сабота, 25 април 2026

Шкупи пред елиминација, Санта Клара победи во Скопје со 0-3 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Нов пораз за македонските клубови на европската сцена, вечерва во Скопје, Шкупи загуби од Санта Клара. „Чаирчани“ беа надиграни, примија три гола и се пред елиминација во 2. коло од Конференциската лига.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Руатубјаје ја затресе сопствената мрежа и донесе предност за гостите.

На стартот од вториот дел, Карваљо реализираше за 0-2, а во последните мигови од мечот, Костиња ги постави конечните 0-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ