сабота, 25 април 2026

Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противниците во 3. коло од Конференциската лига

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противници во 3. коло од Конференциската лига, ждрепката во Нион беше прилично поволна за „црвено-црните“ од Тетовo.

Доколку Шкендија слави на двомечот со Рига во 2. коло, за противник ќе го добие подобриот од дуелот помеѓу Фолгоре од Сан Марино и Хебернијанс од Малта, ривали кои би можеле да бидат елеминирани од македонскиот шампион и да се обезбеди настап во плеј-офот.

Шкупи доби нешто потежок противник и доколку успее да ја мине Санта Клара, клубот од Чаир ќе се пресмета со подобриот од словенечка Олимпија Љубљана и  Биркиркара од Малта.

Натпреварите од 2. коло во Конференциската лига се играат на 22 и 29. јули, додека пресметките од 3. коло се закажани за 5 и 12. август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ