Селекцијата на САД на која селектор е Македонецот, Влатко Андоновски доживеа тежок пораз на стартот од Олимпијадата.
Швеѓанките беа подобри во текот на целиот натпревар и на крајот победија убедливо со 3-0.
Два гола беа дело на Блекстениус, еднаш погоди Хуртиг. Американките двапати ја погодија стативата.
Но ништо не е загубено за САД, ова е само прв меч од групната фаза. Во групата се селекциите уште и селекциите на Австралија и Нов Зеланд. Во четвртфиналето одат најдобрите две од групата и најдобрите две третполасирани од трите групи.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=TeH4lP3a31U autoplay:0]






