Килијан Мбапе ги одработува последните 12 месеци од договорот со ПСЖ, често се пишува дека нема намера да ја продолжи верноста и само прашање на време е кога ќе замине од Париз.
Реал се посочува како неговата следна дестинација, но „светците“ нема лесно да се откажат и со нова тактика ќе го убедуваат Французинот да не оди во Реал.
Новинарот Николо Шира вели дека првиот човек на клубот, Ал Келаифи и спортскиот директор, Леонардо на маса ставиле плата од 32 милиони евра по сезона и договор до 2026 година.
Со ваква бројка, Килијан Мбапе ќе биде најплатен фудбалер во светот. Тронот до пред неколку недели му припаѓаше на Лео Меси, кој добиваше 50+ милиони евра од Барселона. Аргентинецот сега прифати двојно помали примања за да продолжи на Камп Ноу.
Кристијано Роналдо во моментов е на врвот со 31 милион евра по сезона, додека на второто место е Нејмар, кој прифати помала плата кога го продолжи договорот со ПСЖ во мај месец, и во иднина ќе инкасира 30 милиони евра по сезона.






