среда, 29 април 2026

Прв пораз на Вардар, Монпелје со убедлива победа си замина од Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Стартот на сезоната во Лигата на шампионите можеби ги крена вардаровите ракометари повисоко од реалноста, па оптимистичките изјави во пресрет на денешниот меч против Монпелје не се остварија.
 
Францускиото тим одигра импресивен натпревар, функционираше одлично и во нападот и во одбраната и на крајот заслужено дојде до убедлвива победа.
 
Вујовиќ мечот го почна со Томовски на голот, но не помна долго кога Борко влезе но тој тешко успеваше да се справи со расположениот напад на гостите. Во првото полувреме Монпелје потојано водеше, Вардар упеваше да дојде до минус еден, но не и да го сврти мечот, на полувремето македонскиот тим имаше ненгатива од четири гола, 11-15.
 
Во вториот дел сликата беше иста, како и во првото полувреме Вујовиќ се обидуваше и со 7 на 6, но тешко функционираше и таквиот напад, па Монпеје често даваше лесни голови.
 
Најголемата нивна предндост изнесуваш осум голови разлика 20-28, на крајот Вардар намали на шест, 25-31.
 
Дибиров со седум голови и Тото со шест беа најефикасни кај Вардар, во составот на Монпелје Бос и Вилемино постигнаа по седум гола. Играч на мечот беше голманот на гостите, Бонфоа кој запиша 12 интервенции, Борко имаше седум.
 
Вардар во следното коло му гостува на Алборг. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ