вторник, 28 април 2026

Македонија У15 загуби од Велс на Турнирот на нации во Италија

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на нации што се одржува во Италија.

Објавено на

часот

Сподели

По стартната победа во дуелот со Молдавија, избраниците на селекторот Горан Станковски доживеаа пораз од 2-1 во соочувањето со Велс.

Противникот двата гола ги постигна во првиот дел, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Велшкиот репрезентативец, Ануадике кој во 61. минута ја погоди сопствената мрежа.

Во последното коло Македонија за противник ја има селекцијата на Шкотска, а почетокот на натпреварот е закажан за 11 часот.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС 1-2

СТРЕЛЦИ: 0-1 23′ Ифан Хардинг, 0-2 Џереми Дејтон 34′ 1-2 61′ Ноа Ануадике (автогол)

МАКЕДОНИЈА: 12. Јован Даноски, 2. Адел Мустафи (17. Јетмир Асани 56), 3. Ејман Емини, 4. Давор Танески (11. Јоан Ѓорѓиевски 46), 5. Дин Рожајац, 6. Калин Аврамовски, 7. Драган Петков (20. Васко Трајков 56), 9. Мубин Мустафа (19. Дијар Алиу 56), 10. Доротеј Христов (8. Павел Димоски 56), 13. Амар Незири, 14. Фисник Амити (15. Горазд Ристоски 66).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ