среда, 29 април 2026

Премиерлигашите изгласаа правило кое може да ги расипе плановите на Њукасл

Објавено на

часот

Сподели

Правилото гласа дека клубовите од Премиерлигата не смеат да потпишуваат спонзорски договори со бизниси кои се поврзани со нивните сопственици.

Одлуката беше итно донесена со цел да се оневозможи новите газди на Њукасл да потпишуваат вештачко високи договори со компании од Саудиска Арабија кои се поврзани со новите газди на клубот.

18 клубови гласаа за ова правило, против беше единствено Њукасл, а асптинираше Манчестер Сити.

Правилото за финансиски фер плеј во Премиерлигата кое моментално е на сила, им дозволува на клубовите да имаат максимум загуба од 105 милиони фунти во период од три години.

Најголемиот дел од клубовите од Премиерлигата стравуваат дека Њукасл веднаш ќе почне со потпишување на мега спонзорски договори за да може да биде во дебел плус кој ќе му овозможи трошење за креирање на моќен тим.

„Доколку не ја донесевме оваа забрана, ништо не можеше да го сопре Њукасл, пример да потпише годишен договор за 100 милиони фунти за правата на нивниот стадион со компанија од Саудиска Арабија која е поврзана со нивните сопственици. Потоа тие пари ќе можат да ги користат за купување на фудбалери во јануари и да ги заобиколат правилата на Финансискиот фер плеј“, вели еден од претставниците на клубовите.

Донесеното правило е привремено со рок на траење од еден месец, додека во меѓувреме се подготвуваат перманентни правила за овој проблем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ