среда, 29 април 2026

Прекрасен погодок на Фати, Кутињо стрелец по речиси една година, Барса слави победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По двата порази во низа пред паузата за репрезентативни настапи, Барселона вечерва им се врати на победите. На Камп Ноу, избраниците на Куман триумфираа во дуелот со Валенсија со 3-1.

Гостите добро го започнаа мечот и поведоа по пет минути игра, Гаја биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 0-1.

Одговорот стигна во 13. минута, Ансу Фати врати со иста мера и прекрасно пласираше од работ на казнетиот простор за 1-1.

Во финишот на првиот дел, по една убава акција, Ансу Фати беше соборен во шеснаесетникот а Депај од белата точка донесе 2-1.

Валенсија се обиде да се врати во продолжението од мечот, но откако гостите не успеаја посериозно да се заканат, на пет минути пред крајот, Кутињо реализираше за 3-1 и прв гол по речиси една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ