вторник, 28 април 2026

Поранешен фудбалер на Леверкузен и Бешикташ со пиштол убил човек во Турција (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Озтурк кој сениорската кариера ја почна во Баер Леверкузен, а играше и за турските гиганти Фенербахче и Бешикташ е притворен и обвинет за убиство.

Убиениот човек е Халил Ибрахим кој со своите пријатели бил на пикник. Според турските медиуми Озтурк сакал со автомобил да помине од тоа место и побарал да се тргнат по што настанала расправија.

Во еден момент поранешниот фудбалер извадил пиштол и почнал да пука, го убил Ибрахим и ранил уште четворица кои подоцна биле префрлени во болница.

По направеното убиство Озтурк избегал од местото на настанот, но бил фатен на друга локација.

Турската полиција за денеска најави повеќе детали за случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ