Преговорите помеѓу Пол Погба и ПСЖ бележат прогрес во добра насока, неколку извори од Франција пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и Французинот сега приоритет дава на пресела во Париз.
Што се однесува до платата, Пол Погба треба да стане третиот најплатен на „Паркот на принцовите“, зад Нејмар и Килијан Мбапе.
ПСЖ сега треба да пронајде согласност со Манчестер јунајтед за висината на трансферот. Според пишувањата на „Лекип“, 50 милиони евра ќе бидат доволно за „ѓаволите“ да дадат зелено светло. Сепак, добро упатениот „Канал Супортес“ објави дека клубот од Олд Трафорд бара помеѓу 70 и 80 милиони евра.






