понеделник, 27 април 2026

Почина фудбалер кој беше 39 години во кома

Објавено на

часот

Сподели

Пред 39 години на фудбалерот кој се прослави во дресот на Ница и ПСЖ, требаше да му биде извршена рутинска операција по повреда на коленото.
 
Но, по грешка на анестезиологот, Адамс наместо да се разбуди по операцијата, веќе никогаш не се разбудил, 39 години останал во кома, по што починал.
 
Неговата сопруга одбила Адамс да биде исклучен од апарти.
 
Болницата никогаш не се извинила за грешката на нивниот доктор, нивното оправдување било тоа што имале мал персонал, еден доктор бил задолжен за осум пациенти. 
 
Семејството го тужеше докторот, тој беше прогласен за виновен, но доби само едномесечна суспензија, а потоа и парична казна од 750 евра.
 
Жан-Пјер Адамс има одиграно и 22 натпревари за француската репрезентација.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ