Манчестер јунајтед во саботата го доживеа првиот пораз во Премиерлигата, дома загуби со 0-1 од Астон Вила. Иако е само почеток на сезоната и има уште многу до крајот, Гери Невил смета дека „ѓаволите“ нема да можат да ја освојат Премиерлигата.
„Го велев ова и кога тие победуваа, дури и кога Роналдо постигнуваше голови, не играат доволно добро како тим за да ја освојат Премиерлигата“ – вели легендата на „ѓаволите“.
„Треба да играте како екипа и кога го имате поседот на топката и кога го немате поседот на топката, а во моментов Манчестер јунајтед само на моменти покажува дека игра како екипа, и ова нема да биде доволно за победа на некои натпревари. Потребен ви е јасен план, потребен ви е јасен стил на игра, и во овој момент јас само гледам група на добри индивидуалци кои на моменти наликуваат на тим“.
„Да, точно е дека има новајлии како Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, но мораат што поскоро да почнат да играат како тим и да почнат да дефинираат стил на игра. Дури тогаш ќе почнат да победувата натпревари и кога не играат добро“.
„Овој тим на Мачестер јунајтед го нарекувам „чудна дружина“ бидејќи кога ќе ги погледнам, гледам тим кој победува благодарејќи на добри моменти и периоди на игра“.
„Кога ќе ги погледнам Челси, Ливерпул и Манчестер Сити, тоа се прави тимови. Прикажуваат тимска игра. Не велам дека Манчестер јунајтед не се труди, но Оле мора да почне од индивидуалците да направи екипа“.






