сабота, 25 април 2026

Навивачите на ПСЖ со порака до Погба: Послушај ја мајка ти (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Во последно време зачестија гласините за преселба на Пол Погба во Париз. Се пишува дека фудбалерот ги прекинал преговорите со Манчестер јунајтед за продолжување на соработката и се договорил со ПСЖ да стане третиот најплатен фудбалер на „Паркот на принцовите“.

Се најавува дека ПСЖ наскоро ќе испрати понуда до Манчестер јунајтед, „светците“ веруваат дека можат да го купат Французинот за 50 милиони евра. 

Се погласните шпекулации беа причина за фановите на ПСЖ да постават транспаренти пред „Паркот на принцовите“ и тренинг центарот, и да порачаат дека не го сакаат фудбалерот од средниот ред.

„Погба, послушај ја мајака ти, таа не сака да дојдеш тука. Не сакаме ниту ние“ – гласеше пораката. 

Реакцијата на навивачите е поради една изјава на Пол Погба од 2018, фудбалерот во разговор со Канал+, тогаш рече: „Сигурен сум дека нема да играм на „Паркот на принцовите“. Не ме привлекува овој трансфер бидејќи мојот татко и мојата мајка се навивачи на Марсеј, па Париз не се вклопува во моите планови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ