среда, 29 април 2026

Мурињо: Поради Боби Робсон имам емоционална поврзаност кон Њукасл

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо е едно од имињата кои се поврзуваат со Њукасл откако клубот доби нови газди. Португалецот објасни зошто има симпатии кон овој клуб, но ја отфрли можноста во блиска иднина да им биде тренер.
 
На прес конференцијата пред мечот со Јуве, тој беше прашан за Њукасл и можноста да им стане тренер.
 
„За Њукасл немам што да кажам, апсолутно ништо немам што да кажам“, рече Мурињо а потоа објасни.
 
„Единствената работа што можам да ја кажам е дека многу, многу години работев со еден од најзначајните луѓе за Њукасл, Сер Боби Робсон, поради тоа отсекогаш сум чувствувал некоја емоционална поврзаност со тој град и таа фан база. Но ништо повеќе од тоа“.
 
„Јас сум во Рома, навистина сум среќен што сум тука. 100 проценти сум фокусиран на проектот на Рома“.
 
Пред да стане самостоен тренер, Мурињо работеше со Боби Робсон во Спортинг Лисабон, Порто и Барселона. Прво му беше преведувач, а потоа стана дел од неговиот стручен штаб.
 
Боби Робсон беше тренер на Њукасл од 1999 до 2004 година, тој е роден во тој град, има и статуа пред стадионот Сент Џејмс Парк.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ