среда, 29 април 2026

Мирчевски со два гола донесе победа на Академија Пандев над Шкендија

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија во Струмица поведе со гол на Дориев уште во 17. минута од натпреварот и предноста ја чуваа долго во мечот.
 
Но потоа на сцена стапи Мирчевски кој погоди во 77. и 86. минута за комплетен пресврт и победа на Академија Пандев од 2-1.
 
Шкупи со гол на Руатубјаје во 31. минута дојде до победа на гостувањето кај Тиквеш.
 
Ренова со погодоци на Селмани и Шефити го совлада Пелистер со 2-0.
 
Струга Трим Лум имаш водство против Борец со гол на Цаке, имаше и игрч повеќе од 50. минута откако Николовски заработи втор жолт картон, но Љума во 82. минута даде гол за Велешани за конечни 1-1.
 
Најисоката победа ја забележа Брегалница која со 4-1 беше подобра од Македонија Ѓорче Петров. Алтипармаковски постигна два гола, по еднаш прецизни беа Ескиќ и Стојанов. Камара беше стрелец на погодокот за скопскиот тим.
 
Вчера Скопје со 1-0 победи на гостувањето кај Работнички.
 
Табела по 10 кола:
 
1. Шкупи 23
2. Ренова 21
3. Академија Пандев 18
4. Брегалница 16
5. Работнички 15
6. Шкендија 14
7. Струга ТЛ 14
8. Скопје 12
9. Македонија ЃП 10
10. Борец 8
11. Тиквеш 6
12. Пелистер 4
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ