среда, 29 април 2026

Контроверзен гол на Андерсон, Лацио со пресврт славеше против Интер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер оваа сезона во Серија А, во меч со контроверзија, „бјанкочелестите“ славеа со 3-1.

Интер поведе во 12. минута, Перишиќ погоди од белата точка за водство на гостите од 0-1.

По дваесетина минути игра во второто полувреме, Лацио изедначи исто така од пенал, Имобиле реализираше од 11 метри за 1-1.

Во 81. минута Лацио направи пресврт и поведе со 2-1 со контроверзен гол на Андерсон. Домаќините не сака да исфрлат топка во аут за да му се укаже помош на Ди Марко кој лежеше на тревата, тргнаа во контра, Хандановиќ го одбрани ударот на Имобиле но Андерсон прв стигна до одбиената топка и рутински погоди за 2-1 . Ваквиот потег ги налути играчите на Интер, имаше голема мешаница, влечење и објаснување, но тоа не го промени резултатот на семафорот.

До крајот на мечот, Лацио ја потврди победата во судиското надополнување, Милинковиќ Савиќ со глава го матираше Хандановиќ по еден прекин за конечни 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ