сабота, 25 април 2026

Интер го откри наследникот на Пирели (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Пирели беше спонзор на Интер од 1995 година, но соработката заврши на крајот од минатата сезона. Производителот на гуми плаќаше премалку за денешни услови па газдите Сунинг побараа нов партнер кој ќе донесе многу повеќе пари во клупската каса.

Целта беше да се приберат 30 милиони евра, но поради кризата која ја донесе пандемијата на коронавирус, Интер на крајот мораше да се задоволи со сума од 20+ милиони евра.

Попладнево, „нероаѕурите“ ја официјализираа соработката со блокчејн платформата „Чилиз“. На дресот на Интер ќе стои логото на Сосиос (Socios.com) креатаорот на Фан Токени и партнерството ќе го промовира Фан Токенот на Интер ($ INTER Fan Token) кој наскоро ќе биде лансиран на пазарот.

Се очекува Интер во скоро време да промовира уште два спонзори, се говори дека логото на Леново ќе стои на задниот дел на дресот за 5+ милиони евра по сезона, а слична сума се очекува да донесе и спонзорот кој ќе стои на ракавот на дресот, иако во моментов нема информации за која компанија станува збор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ