среда, 29 април 2026

Ѓорѓиевски и Максимов донесоа прва победа за Македонија У21 во квалификациите за ЕП

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Марко Ѓорѓиевски кој во 25. минута постигна гол со глава за водство на Македонија од 1-0.
 
Во 84. минута Максимов по асистенција од Станковски се најде во одлична позиција и не пропушти да го совлада голманото на Ерменија за сигурно водство од 2-0.
 
Сепак домаќините до крајт успеаа да постигнат почесен гол, во 90. минута Григорјан искористи голем кикс на нашата одбрана и ги постави конечните 1-2.
 
Ова беше четврти натпревар за Македонија во овие квалификации и прва победа за нашата репрезентација, имаме вкупно пет бода.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ