Како што пренесуваат медиумите, немилиот настан се случил рано утрово, нешто по 2 часот во Троја, јужно од Лисабон. Полуостровот е познато туристичко место во Португалија и Михаел Балак пред неколку години таму купил имот.
Емилио возел четирицикл, загубил контрола поради нерамниот терен, моторот се превртел и паднал врз него.
Набрзо пристигнале пожарникари кои го извадиле момчето, докторите се обиделе да го оживеат, но се било залудно, синот на Михаел Балак починал.
Семејството Балак се уште се нема огласено, но неговиот поранешен клуб Челси изрази сочувство на социјалните мрежи.






