Натпреварот на „Билјанини Извори“ во Охрид понуди два гола во првиот дел, а потоа во продолжението мрежите мируваа. Први до предност дојдоа домашните фудбалери со голот на Иван Глигоров кој во 35 минута погоди за 1-0 и радост на трибините.
Сепак, до паузата Силекс успеа да се врати до егал со голот на Ади Алиќ кој со глава по нафрлување од Додев погоди за 1-1.
Двете екипи имаа по некоја шанса, а тимот на Александар Васоски беше поубедлив и поопасен. Најголемата закана ја имаше Додев пред финишот, ама не реализира.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шкендија од Тетово и Шкендија од Арачиново. Реваншите се играат на шести мај.






