четврток, 23 април 2026

Америка: Вративме 31 брод во блокадата на Ормус

Американските сили им наредија на 31 брод да се свртат или да се вратат во пристаниште како дел од поморската блокада на Вашингтон врз иранските пристаништа, објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), пренесува Анадолу.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Овој број е поголем од 29-те бродови пријавени еден ден претходно, и доаѓа по пресретнувањето на товарниот брод Туска, кој плови под иранско знаме, во северниот дел на Арапското Море во неделата. Бродот беше онеспособен од разорувачот УСС Спруанс откако екипажот ги игнорираше предупредувањата шест часа.

Блокадата започна на 13 април по неколку недели прекини во пловидбата низ Ормускиот теснец.

ЦЕНТКОМ ги отфрли медиумските извештаи дека неколку комерцијални бродови успешно ја заобиколиле блокадата, нарекувајќи ги неточни.

Во тие извештаи се наведува дека бродовите М/В Хироу 2, М/В Хеди и M/В Дорина поминале низ блокадата и транспортирале милиони барели нафта.

ЦЕНТКОМ тврди дека Хироу 2 и Хеди се всушност закотвени во иранскиот Чабахар откако американските сили ги пресретнаа претходно оваа недела. Во исто време, Дорина се наоѓа под придружба на американски разорувач во Индискиот Океан откако се обиде да ја пробие блокадата, се вели во соопштението.

Иран сè уште не ја коментирал американската верзија на настаните.

Пловидбата низ Ормускиот теснец е сериозно нарушена откако започна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, потресувајќи ги глобалните енергетски пазари и предизвикувајќи стравувања од долгорочна економска штета. Моментално е на сила прекин на огнот постигнат со посредство на Пакистан, а наскоро се очекуваат нови преговори за траен прекин на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ