среда, 22 април 2026

Проблемите со кожата почнуваат во цревата, тврдат научниците

Сè повеќе научни истражувања го менуваат начинот на кој ги разбираме кожните заболувања како што се акните, псоријазата и егземата. Наместо да се набљудуваат исклучиво како проблеми со кожата, денес тие сè повеќе се поврзуваат со внатрешните процеси во организмот, особено преку таканаречената оска мозок-црева-кожа.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за сложена мрежа што ги поврзува нервниот систем, дигестивниот тракт и кожата, а клучна улога имаат стресот, имунитетот и цревниот микробиом. Кога телото е под стрес, доаѓа до хормонски промени што можат да ја нарушат рамнотежата во цревата и да предизвикаат воспалителни процеси кои се манифестираат на кожата.

Цревните бактерии играат особено важна улога. Кога нивната рамнотежа е нарушена, се јавува таканаречена дисбиоза, која може да им овозможи на штетните супстанции да влезат во крвотокот и да предизвикаат воспаление во организмот. Токму ова воспаление често се одразува преку проблеми со кожата.

Новите пристапи во лекувањето затоа сѐ повеќе вклучуваат промени во исхраната, употреба на пробиотици, како и техники за намалување на стресот. Исхрана богата со растителни влакна и ферментирани намирници може да помогне во обновувањето на цревната рамнотежа, додека менталното здравје игра важна улога во контролата на воспалителните процеси.

Иако се потребни дополнителни истражувања, експертите истакнуваат дека е јасно дека здравата кожа зависи не само од надворешната нега, туку и од рамнотежата во организмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ