Според пријавата, во јуни 2019 година, пријавениот, постапувајќи по барање на адвокат од Тетово, изготвил службен спис за достапност на лице со невистинита содржина, без да изврши теренски проверки.
Потоа, со цел да го озваничи документот, го злоупотребил потписот на раководителот, внел несоодветен деловоднички број и го заверил со службен печат. Така подготвениот документ му го предал директно на адвокатот, спротивно на процедурите за канцелариско и архивско работење.
Спорниот спис бил искористен како доказ во судска постапка пред Основниот суд во Тетово, на штета на лице од градот.






