Павловски вели дека ова признание го радува, бидејќи за пријател го имал најдобриот и најголем македонски поет Ацо Шопов.
„Со Штип ме врзуваат и многу спомени. Мојот школски другар, со кого седев во иста клупа, стана градоначалник на Штип, се викаше Михаил Данев. Во секој случај градот Штип е во еден духовен подем и се грижи за културата, уметноста. Мислам дека градот Штип одлично се развива. Во секој случај ми претставува големо задоволство“, рече Павловски.

Тој додаде дека Ацо Шопов и денеска е голем поет, и како што рече, читан, мемориран и кај помладите луѓе.
„Јас го имав тоа задоволство, како издавач да ги објавам неговите избрани дела во времето кога тој се врати од Африка, каде што беше амбасадор во Сенегал и потоа се дружев до самиот крај на неговиот живот“, рече Павловски.
Тој порача младите да ја сакаат литературата, да го почитуваат македонското културно минато и да си го сакаат сопствениот народ.
Инаку манифестацијата „Во чест на поетот“ е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам.






